Повторно пукање на свадба – повредени 3 девојки


Во тетовското село Камењане, 3 девојки, се здобиле со повреди од рикошетирани куршуми испукани од домаќинот 53 годишниот З.Б.

Куршумите се одбиле од терасата и ги погодиле девојките.  Домаќинот кој правел свадба испукла цел шаржер, но три куршуми удриле во таванскиот дел на куќата и рикошетирале во девојките. Едната од нив била тешко повредена, оперирана е и е во стабилна состојба.

Најтешко поминала Б.Р. (28) од Мала Речица – Куршумот ја погодил во десната страна од вратот. Со полесни повреди се здобиле М.Д. (32) и Л.Д. (11) од населбата Дреновец во Тетово. З.Б. бил приведен, одземен му е  пиштолот, полицијата најавува соодветна пријава.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1