Во наредното столетие земјата ќе оствари контакт со вонземјани


Научниците предупредуваат дека за помалку од сто години ќе оствариме контакт со вонземјани. Сепак велат доколку биде откриен вонземски облик на живот, веројатно ќе бидат потребни децении за да може да се воспостави контакт со Земјата преку радио или ласер.

 “Уверена сум дека ќе откриеме живот на некоја друга планета, некој интелегентен вид и тоа во наредниот век. Колку сме подготвени за тоа? Вонземниот живот може да биде пронајден на карпести планети чија атмосфера содржи јаглероден диоксид и озон”. Се поставува прашањето на кого прво да му се каже? На новинарите, на премиерот или на Папата? Уште од сега ќе треба да размислуваме на тоа.”, изјавила Џоселин Бел Бурнел на конференцијата „Euroscience Open Forum“ во Даблин, а пренесува Дејли Меил..

Ништо не патува побрзо од светлината, па така самата конверзација во една насока би можела да трае од 50 до 100 години, рекла професорката од Универзитетот Оксфорд.

Во некои претходни истражувања се покажало дека повеќе од половина Британци веруваат во “малите зелени” суштества, а повеќе од третина рекле дека би требало да бидат поактивни во барањето и остварувањето контакт со вонземјани.

И Стивен Хокинг се приклучува на ваквата претпоставка и предупредува дека вонземјаните би можеле да ја нападнат Земјата поради ресурсите. Поради тоа тој мисли дека до тој контакт не треба да се дојде.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1