37 годишникот сега повторно се наоѓа зад решетки во затвор, но овој пат не затоа што направил прекршок туку затоа што не сакал да си замине дома.
Валентин во саботата во осум утрото добил наредба да си замине од затворот по два месеци поминати зад решетки, но во 13 часот попладнето се уште седел во канцеларијата на шерифот и барал од полицијата да го пренес во локалниот мотел.
Шерифот и неговите помошници, секако не сакале да си играат таксисти, но Валентин рекол дека го има целото време на светот и дека нема да го напушти затворот се додека не му ја исполнат желбата.
Шерифот по повеќе предупредувања дека ќе биде повторно уапсен бидејќи незаконски се наоѓа на туѓ имот но залудно.
На Валентин најверојатно му се допаднало друштвото и не очајувал премногу кога на раце повторно му ставиле лисици. Пред судот ќе се појави на 9 август, а до тогаш и понатаму времето ќе го поминува времето зад решетки кои не му се брзало да ги напушти.