Вооружен маж уби денеска три лица во пукотница во куќа во градот Аурора, во Колорадо, градот каде пред неколку месеци на премиерата на филмот Бетмен во локалното кино се случи мсакар.
Полицијата соопшти дека едно лице успеало да избега од куќата, каде „вооружен и опасен маж“ претходно затвори заложници. Повеќе куќи беа евакуирани, а патиштата затворени од безбедносни причини, пред полицијата да го убие осомничениот.
Аурора во јули се најде на насловните странци на светските медиуми, откако еден маж со маска на Џокер, упадна на премиерата на филмот за Бетмен „Подемот на мрачниот витез“ и уби 12 лица, а рани 58.