Повторно земјотрес – 4 степени во Охридско, граѓаните вознемирени


Земјотрес со магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран претпладне во 11:39 минути, на 10 километри источно од Охрид, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала, во Ресен и Струга со пет степени, а во Битола со интензитет од три до четири степени според истата скала.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета, освен вознемиреноста на граѓаните кои излегоа пред своите домови стравувајќи од последователни потреси.

Претходно, земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, во 9 часот и 58 минути, во охридското епицентрално подрачје.

– Земјотресот, почувствуван во Охрид и околината, бил со интензитет од три степени според Европската макоросеизмичка скала -соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена. Најсилниот се случи на 20 минатиот месец во 15 часот и 10 минути и беше со магнитуда од 3,6 стeпени според Рихтер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1