Едно семејство вечерва остана без својата куќа во која живеело веќе 50 години. Нивната куќа на улицата Славејко Арсов на Водно, под ресторанот Турена, изгоре денеска за помалку од еден час, пишува МКД.мк.
Пет возила на противпожарната служба поради непристапните улици и непрецизното обележување на улиците (нови-стари имиња) успеаја со задоцнување да го локализираат пожарот и да го спасат она што можеше да се спаси.
Пожарот избувнал на покривната конструкција додека сите шест члена на семејството биле на приземниот дел од куќата. Сите успеале да се спасат и навреме да избегаат кај соседите.