Пожар во Ѓорче Петров


Жителка на Општина Ѓорче Петров во Скопје вчера пријавила дека во нејзината куќа настанал пожар во кој изгореле две соби.

Во 16.21 часот во полициска станица Ѓорче Петров, И.С. пријавила дека на ул.„Мавровска“, настанал пожар во куќа, при што биле опожарени две соби.

Од страна на бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Повредени лица нема. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1