Пожар во Ротина: Луѓето гасea со голи раце, изгореа викендички и автомобил


Од местото доаѓаат информации дека се изгорен викендички. Состојбата била критична поради ветерот кој пожарот брзо го пренасочвал кон битолското село Ротино. Новинарските екипи неможеа да стигнат до местото. Но очевидци велат дека месното население само со голи раце се обидувало да го стивне пожарот и да спречи да изгорат куќите.

Foto - Tera.mk

Foto – Tera.mk

Паѓаат изгорени стебла на патот каде што е движењето на возилата пренасочено поради тоа што новиот пат Битола – Охрид се реконструира и е затворен за сообраќај

Пожарот се појавил кај 18 часот некаде кај Цапари, каде горела нискостеблеста шума. Ветерот кој доцна попладнето го имаше во регион, овозможил брзо ширење. Луѓето со кои разговараше репортерот на Тера, рекоа дека пожарот се шири на кај селото Ротино и стравуваат од голема катастрофа, а од противпожарната екипа советуваат да не се оди кон селото.

Foto - Tera.mk

Foto – Tera.mk

Жителите во паника реагираа за како што велат дека со едно возило пожарната интервенирала, а очевидци тврдат дека другите возила кои пристигнале неможеле да се употребат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1