Пожар во трговскиот центар Рамстор во Скопје


ramstor07Пожар избувнал во трговскиот центар Рамстор во центарот на Скопје. Густ чад кој излегувал од трговскиот ги вознемири посетителите.

Од противпожарната бригада информираат дека неколку возила тргнале да го гасат пожарот кој избувна во Трговскиот центар „Рамстор“ на булевр „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ во Скопје.

Командриот на противпожарната бригада Благоја Менковски за Mknews изјави дека локализиран е малиот пожар, а при избивањето веднаш се вклучил и алармот и противпожарниот систем кој го има трговскиот и спречено е негово ширење.

Противпожарната бригада им помага во расчистување и обезбедување на објектот. Нема повредени посетители ниту вработени, сега се чека да се расчисти чадот.

Според нашите информации пожарот избувнал во еден од локалите кои произведуваат храна сместени во рамките на трговскиот центар односно е запален оџак на еден од рестораните на вториот спрат од трговскиот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1