Пожар во центар на Скопје – Изгоре стан кај гимназијата Ј.Б.Тито


trafostanica pozarПожар пеплоса стан на 11 кат во кулата со број 28 спроти средното училиште Јосип Броз Тито во строгиот центар на Скопје.

Од скопската противпожарна единица велат дека по брзата реакција на екипите, пожарот навреме е локализиран и дека нема опасност тој да се реактивира, јавува Плус Инфо.

Кога избил пожарот во станот била една постара жена, сопруга на сопственикот на станот. Соседите веднаш го забележале пожарот и ја спасиле жената која има само мали изгореници  но е во голем шок.

Полицијата го обезбеди местото околу зградата бидејќи разни парчиња паѓаат од станот што се наоаѓа во пламен.

Причината за пожарот засега е непозната.

pozar233

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1