Синоќа избил пожар во подрумските простории на затворот во Тетово, при што четири лица се повредени. Пожарот избил во просторијата каде што била сместена котларницата од системот за затоплување на објектот.
Во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и пожарникарите успеале да го изгаснат и да спречат негово проширување низ целиот објект поради излевањето на нафта од резервоарот во котларницата, јави Канал 5.
Четири лица кратко време биле згрижени во тетовската болница зошто вдишале чад, по што се вратени назад во затворот.
Пожарот избувнал во моментот кога се вршела поправка на системот за греење која ја спроведувале мајстори и дел од затворениците.
Полициски екипи направија увид на местото на настанот,