Пожарот во кој изгоре село Патетино подметнат од инает


Според првичните информации од МВР, човек го подметнал пожарот во селото Патетино. Изгореа 30 сетина куќи, а огнот се прошири и до Свети Николе и Пробиштип.

Осомничениот е од селото Ранченци, а според МВР пожарот го подметнал од инат, затоа што жител на Патетино го тужел дека говедата му го уништувале имотот. Осомничениот го изгубил спорот и од инат го подметнал пожарот.

Инаку од порано и е познат на полицијата како подметнувач на пожари и против него има неколку судски решенија.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1