Момче и девојка се пронајдени мртви вчера во мотел во Битола. Тие собата ја изнајмиле пред неколку дена, а нивните безживотни тела ги пронашле вработените.
Од СВР Битола за „Република“ го потврдуваат настанот и откриваат дека станува збор за 33-годишниот Ѓ.И. и 27-годишната К.И. и двајцата од Битола.
На местото на настанот е извршен увид, а телата се предадени на обдукција, по што ќе се знаат повеќе детали за причините за смрт.