По терористичките напади во Брисел кои се случија рано утринава на националниот аеродром и две метро-станици, на друштвените мрежи осамна фотографија на повреден маж кој лежи и чека медицинска помош.
Всушност се работи за поранешниот белгиски кошаркарски репрезентативец Себастиен Белин. Тој откако се повлече од активното играње кошарка работи како член на управата на Атнверп Гајантс.
Целата екипа била на аеродромот во Завентем со цел да отпатуваат за Италија каде утре по распоред е мечот против Варесе во рамките од ФИБА-еврокупот.
Официјални соопштенија за неговата здравствена состојба се уште нема. Според фотографијата се гледа дека на Белин му се повредени двете нозе, но е надвор од животна опасност.