Наша позната поп-пејачка пред неколку дена била фатена како краде гардероба во еден познат бренд во Г.Т.Центар во Скопје.Пејачката во соблекувалната зела неколку парчиња гардероба и со помош на ножички ги извадила алармите, пишува порталот Либертас.
Извори на порталот велат дека на една од продавачките и паднало сомнително однесувањето на младата пејачка и веднаш го алармирала обезбедувањето. Кога и побарале на пејачката да ја отвори чантата имале што да видат.Во неа имало пет-шест блузи,а во соблекувалната на земја биле фрлени округлите алармни уреди.
-Јас бев изненадена од девојката.Ја препознав од телевизија и од весниците.Таа беше цела вцрвенета и се тресеше.Не молеше да не кажуваме.На мобилен ја викна мајка и која веднаш дојде и си ја платија оштетата.Ние вработените бевме исто така во шок од пејачката, вели изворот на Либертас.
Според порталот, младата поп-пејачка во шоубиз круговите важи за дама која носи исклучиво брендирана гардероба потпишана од дизајнери.