Девојчето што вчера беше прегазено на на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“ кај Католичката црква е примена во Ургентниот центар со скршеница на потколеницата, како и мали повреди на пршлени на ‘рбетниот стол.
Девојчето во 19 часот го преминувало коловозот на место каде нема обележан пешачки премин, кога наишол автомобил „фиат уно“ со скопски регистерски таблички и удрил во неа, потврдија од МВР.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата.