Пратениците си ги покачија дневниците за патувањата во странство


Наместо досегашните 59 евра, на пратениците ќе им се исплатува дневница од 74 евра за секои 24 часа поминати на службен пат во Албанија. За патување во Бугарија пак, наместо досегашните 65, ќе се исплатуваат 75 евра. Толку ќе се исплаќа и за патување во Босна и Херцеговина за што досега беше одредена дневница од 50 евра. За службено патување во Србија зголемувањето на дневниците е од неколку евра т.е. за Белград дневницата за народните избраници изнесува 82 евра, наместо 77, додека, пак, за патување во другите места кај северниот сосед покачувањето е само три евра т.е. 48.pari evra 1

Најголемо зголемување има за патување во државите во Азија, Африка и Блискиот Исток и тоа некаде и за двојно повеќе. Така, пример за патување во Авганистан наместо досегашните 42 долара ќе се исплатуваат дури 116 долари, за Kатар наместо 54 долари новата дневница е 114 долари или за Ирак наместо 60 долари – 114 долари. Од друга страна, помали се дневниците што ќе се одредуваат за службени патувања во западноевропските држави, како Белгија, Шведска, Германија, Франција, Велика Британија, Данска … каде износите се намалени од три до десет евра од досегашните.

Независно од тоа каде патуваат, народните избраници сепак ќе добијат повеќе пари од досега бидејќи во случај кога трошоците за сместување се покриени од Собранието (што е најчесто случај при службените патувања на пратениците) наместо 35 отсто од дневницата, тие ќе добиваат по 50 отсто.

Ваквите правила се дел од новата Одлука за определување на дневниците за службено патување во странство на пратениците донесена од Kомисијата за прашања и именувања донесена пред три дена, а веќе објавена во Службен весник и стапена во сила.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1