Нова услуга на ЈСП. За да не дремете на автобуските станици и да се чудите каде ли е автобусот со бројот кој вие го чекате сега ќе може да си седите дома, да си пиете кафе и пак да не го пропуштите автобусот.
Новата услуга се вика „Планер на патување“ СМС Порака ќе ве информира во кое време точно ќе дојдат следните три автобуси за постојката каде што вие чекате.
Ќе можете од мапата да изберете 2 точки и времето во кое сакате да патувате. Пораката ќе ви каже каде е точно постојкта на која треба да се качите. Кој број автобус да го чекате, колку трае патувањето, колку станици, како и каде треба да се симнете. Ќе ви бидат испратени сите можни варијанти како да стасате до саканата локација. Прва на список ќе е онаа која за најбрзо време ќе ве однесе таму.
Се убаво ама оваа опција уште се разработува, а и не се знае колку ќе чини СМС пораката.