Преброени над 90% од гласовите: Пендаровски 52,38 отсто, Силјановска 44,06


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 90,75 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска-Давкова со 43,27 отсто.

Изразено во гласови Пендаровски има 380.946, а Силјановска 320.393. Неважечки ливчиња се 3,56 отсто или 25.909

Трубачи дојдоа пред седиштето на Бихаќка каде што СДСМ веќе слави победа на претседателските избори.

Од централниот штаб претходно беше нарачан кетеринг, а веќе стигнаа и голем дел од партиските членови. Меѓу присутните е и сопругата на Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на прес-конференција прогласи победа на Пендаровски на претседателските избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1