Пред точно 15 години, ЦИА ги објавила своите прогнози за 2015 година во извештај од 70 страници.
Ние ви ги пренесуваме најзначајните делови од извештајот:
„Меѓународните односи ќе бидат скроени од страна на моќните организации, кои ќе имаат поголемо влијание од националните држави. Прогноза: Најверојатно точно“-е наведено на почетокот на извештајот.
Различни теоретичари на конспирации моментално би се согласиле со оваа констатација.
Медиумите во САД, оценувајќи ја оваа прогноза, тврдат дека ЦИА била во право а како примери на моќни организации, ја наведуваат Исламската држава или хакерите кои го „собори“ Сони.
„Од денес па се до 2015 година терористичките напади ќе станат се почести, потешко предвидливи и ќе предизвикуваат многу голем број на цивилни жртви. Прогноза: Точно.“
„Ирак и Иран ќе развијат далекодосежно оружје за масовно уништување. Иран би можело да го тестира ова роужје веќе до 2004 година.“-Оваа прогноза се воспостави како неточна.
ЦИА од Ирак направи глобален непријател на САД, но и на целиот свет, а американската војска интервенираше. Иран од друга страна, исто така трпи разни притисоци од САД и од голем број на други надворешни фактори, како здруженија за човекови права, но и понатаму не попушта.
ЦИА исто така предвиде дека популацијата на планетата ќе ја надмине бројката од 7,2 милијарди жители, што е апсолутно точно.
„Кинеската економија ќе расте до таа мера да ќе ја престигне Европа и ќе стане втора економска сила во светот, веднаш зад САД.“