Пред точно 60 години прв пат МАЖ стана ЖЕНА – првата промена на пол (Видео/Фото)


Викендов се навршуваат 60 години од примената на револуционерната прва промена на пол што вклучува хируршка интервенција и хормонска терапија.

„Екс- Џи стана русокоса убавица“ стоеше на насловните страници на американските весници. Џорџ Џоргенсен, тивок, обичен граѓанин на Њујорк ја шокираше американската нацијата откако се врати од пат од Данска претворен во гламурозната Кристин.

Кога тенката 27-годишна руса убавица, нагрната со крзнено палто излезегла од авионтво Њујорк, нејзините долги трепки, високи јаболчници и полни црвени усни, не оддаваале никаков знак дека зад тој лик всушност се крие еден срамежлив маж. Џоргенсен пораснал во Бронкс, како среќно дете во многубројно семејство. Како тинејџер бил убеден дека е заробен во погрешно тело.

На фотографиите од тоа време Џиргенсен личи на вистински хомосексуалец, што е вистински проблем“ вели Теит Рицау, дански доктор и продуцент кој ја запозна Кристин Џоргенсен во 1980 година кога направи филм за неа/него.

„Младиот Џоргенсен никогаш себе си не се идентификуваше со хомосексуалноста, туку со жена која по некоја случајност е заробена во машко тело“ вели тој.

Во својата автобиографија Џоргонсен вели дека додека живеела како Џорџ и покрај тоа што била физички привлечена од мажи сепак и се лошело кога маж ќе и се приближел.

Кон крајот на 40 години на 19 век, за време на краткиот престој во американската војска, Џоргонсен наишол на текст за еден дански доктор, Кристијан Хамбургер, кој во тоа време експериментирал со полова терапија, и притоа ги тестирал хормоните на животни.

Од тој момент збунетото момче почнало да гаи надежи дека Хамбургер можеби ќе успее да го реши неговиот проблем. Во 1950 година тој заминал во Копенхаген без притоа никому да каже за своите вистински намери.

„Бев малку нервозна , бидејќи во тој период многу луѓе ми велеа дека сум луда“ вели Џоргенсен во едно интервју дадено непосредно по операцијата.

Хамургер не видел ништо погрешно во желбите на тогаш младото момче. Тој прв кај него ја препознал трансексуалноста. Така докторот почнал со хормонска терапија а притоа работел и на психата на возбудениот човек охрабрувајќи го да почне да се облекува како жена во јавноста.

Кога хормоните почнале да даваат резултати докторите поднеле барање до данската влада да се дозволи операцијата. По цела година хормонска терапија конечно збунетата личност легнала под нож.

Што точно било извршено за време на оваа операција до ден денес е нејасно, но се верува дека Хамбургер и неговиот тим хирурзи следеле правила поставени од нивните претходници десетици години порано.

Се смета дека првата операција за промена на пол била извршена во 1930 година во Берлин на извесна Лили Елбе.

Операцијата бил неуспешна и Лили не ја преживеала, но подготовките и белешките останале и многу им помогнале на данскиот тим.

Кристин по своето враќање во САД добила покана од Холивуд каде ја дочекале со раширени раце и станала успешна актерка.

Денес, по 60 години промената на полот во светот станува честа интервенција. Бројот на луѓе кои се одлучуваат даго променат полот секоја година расте за 11%. 80% од промените се од маж во жена.

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1