Предците на модерниот човек не живееле сами на земјата!


Пред околу два милиони години предците на денешниот човек ја делеле планетава и живееле заедно со уште барем два сродни вида, тврдат научниците врз основа на неодамнешното откритие – откриените делови од 40 годшната „Фосилна сложувалка“.

Резултатите од ова откритие, укажуваат на нови поединости во еволуцијата на нашите предци, рано исправен човек познат под името Хомо еректус.

Хомо еректус и неговиот роднина Хомо хабилис, кој своето име го добил благодарение на способноста да прави алатки, најверојатно биле потомци на еден многу постар вид – Хомо рудолфенсис, истакнуваат научниците.

Човечката еволуција очигледно не е праволиниска како што се мислеше, вели ко-авторот на студијата Фред Спур кој заедно со својот тим на северот ос Кенија, во периодот од 2007 до 2009 година ископал фрагменти од заби, лица, вилици од седименти кои датураат од праисторијата.

Ова откритие претставува крај на долгата потрага по докази за постоечкиот хоминид со плоскато лице и голем мозок чиј череп е пронајден на оваа територија уште во 1972 година.

Познат како KNM-ER 1470, овој хоминид живеел пред околу два милиони години. Тоа е единственото нешто што до сега со сигурност го знаеле палеонтолозите кои до сега се препирале околу неговиот идентитет со оглед на тоа што на черепот му недостасувала долна вилица која во овој момент претставува клучен доказ.

– Среќата ни се насмевна во 2007 година, а во наредните три години откривме три фосили за кои веруваме дека припаѓаат на истиот вид, изјавила Миви Лики која го открила KNM-ER 1470 заедно со својот маж Ричард.

Новите фосили укажуваат дека овој скелет припаѓа на постар вид на хоминид наречен Хомо рудолфенсис, еден потполно одвоен вид, а не, како што до сега се веруваше, дека е подвид на Хомо хабилис.

Сите три вида живееле одвоено едни од други и имале различни прехрамбени навики, се наведува во студијата.

– Ова откритие е важно бидејќи дава одговор на многу важно прашање поврзано со нашето еволуциско минато, колку бил разновиден нашиот род на самиот почеток, истакнала Лики.

 

 

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1