Предупредување до пекарите: Внимателно со циметот


Внимателно со циметот, предупредуваат од данската Управа за ветерина и прехранбена индустрија кои сметаат дека познатите пецива со цимет ги кршат законите за зачини во Европската унија.

cimetУправата открила дека данските пецива со цимет содржат двојно повеќе кумарин-хемиско соединение кое се наоѓа во циметот, отколку што законите дозволуваат. Прекумерното внесување кумарин може да го оштети црниот дроб.

Управата побара пекарите да ја намалат количината на цимет што ја ставаат во тестото при подготовката на пецивата.

Данските пекари упатија протест укажувајќи на престроги правила во ЕУ. За идниот месец е закажан состанок на Здружението на пекари во Данска и надлежните за да се разгледа потенцијално решавање на тој проблем

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1