Во 1924 година Тесла дал едно, за тоа време многу контроверзно интервју.
Имено, новинарите на „Галвестион Дејли Њуз“ го прашале дали неговата интелигенција открила некои фатални недостатоци во институцијата брак, кои не се очигледни за „обичниот човек“ а Тесла на ова одгворил дека никогаш нема да се ожени.
-Отсекогаш верував дека жената поседува деликатни и суптилни квалитети на умот и на душата, која поради тие аспекти е подобра и посупериорна од мажите. Ја ставав жената на пиедестал, и во тие карактеристики ја ценев далеку повеќе од мажите. И’ се воодушевував на ова суштество кое го дигнав толку високо, и како вистински обожавател, се чувствував недоволно вредно за предметот на сопственото обожување, објаснил Тесла.
-Но, сето тоа е минато. Сега, оваа жена, нежниот глас кој го обожавав исчезна. На нејзино место дојде жена која мисли дека главниот успех во животот е да биде повеќе како мажот во облекување, однесување, во спортот и достигнувањата од било кој вид, вели тој.
Тесла изјавил дека жените, стануваат посилни од мажите, и физички и ментално. Светот искусил многу трагедии но најголемата трагедија, смета тој е актуелната економска ситуација на жените против мажите. Во многу случаи тие успеваат да го узурпираат нивното место и во професиите и во индустријата. Оваа растечка тенденција на жените да ја засенат машкоста е знак на цивилизација во пропаѓање, додава тој.
-Скоро сите големи достигнувања на човекот досега беа инспирирани од љубовта и посветеноста кон жените. Мажот тежнееше по големи работи само затоа што некоја жена верувала во него, затоа што сакал да го освои нејзиниот восхит и нејзината почит. Од овие причини тој се борел за неа и го ризикувал својот живот повторно и повторно, заклучил Тесла.
Во текот на интервјуто Тесла предвидел мрачна иднина поради новосоздадената положба на жените.
-Изгледа мажот во човечкото општество стана бескористен. Нашата цивилизација ќе потони во една состојба која се гледа како пчела, мраква и други инсекти, состојба во која мажот сурово убива. Во овој материјален свет ќе биде воспоставено владеењето на жените. Како што жените ќе ја преземаат доминацијата, така мажите ќе се најдат во нејзината милост и немилост, додал тој.
Сепак, Тесла заклучил дека жените во оваа ситуација не се многу среќни.
-Ми се чини дека и самите жени не се претерано среќни во оваа новосоздадена слобода. Прашањето кое природно се појавува е тоа дали жените се победници или губитници. Не го гледам ова прашање само од машка страна, туку размислувам и од женска страна. Исчезна задоволството од животот на жените. Жената е амбициозна во намерата да го добие она што го сака, а тоа често ги надминува нејзините способности. Тие често забораваат дека не може сите жени да бидат примадони и филмски ѕвезди, заклучил Тесла.