47-годишниот Р.А. од Скопје вчера околу 9 часот со своето возило удрил во пешакот Г.М. (70) од Скопје, кај пазарчето во Ѓорче.
Пешакот со возило на Брза помош е пренесен во Ургентен Центар во Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди и истиот бил задржан на понатамошно лекување.
Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.