Патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблички вчера околу 18:30 часот удрило во пешак на улицата „Скупи“, на патот кон Злокуќани.
Од МВР ги потврдуваат информациите и посочуваат дека според првичните информации станува збор за дете.
Како што дознава Курир прегазеното дете веднаш е пренесено во Ургентниот центар. Се уште нема информации за неговата здравствена состојба.