5 ранети полицајци – од Куманово пренесени во Скопје


Под силно полициско обезбедување на специјалните сили се сите влезови на Клиничкиот центар во Скопје каде што се пренесуваат повредените полицајци од акцијата утринава во Куманово, јавува Телма.

Screenshot_144

Блокиран е главниот влез во болницата, каде што се очекува да бидат донесени петмината ранети во акцијата што утринава околу 4 часот почна да ја спроведува полицијата во потрага по неидентификувана вооружена група која се сомничи дека стои зад нападите на караулата во Гошинце.

Запалена е и една куќа во кумановското Диво насеље, а граѓаните кои два часа слушаа пукотници се вознемирени. Сите приоди кон градот се блокирани. МВР се уште не соопштува детали за полициската акција.

МВР: Граѓаните да останат мирни – ВО ТЕК Е АКЦИЈА за разбивање на вооружена група

Видео: Престрелка меѓу полицијата и вооружена група во Куманово – повредени полицајци?

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1