Дваесет годишната Фросина Ц. од Крива Паланка, која најверојатно во Скопје престојувала како студентка, е девојката која што вчера почина во сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ кај Универзална сала.
Возачот на возилото, е идентификуван како Љ.В. (26) и возел автомобил „хонда“ со скопски регистарски таблички. Според некои сведоштва, возачот најпрвин се обидел да избега, а подоцна самиот се пријавил во полициска станица.
Иако итната помош протигнала брзо, лекарите само ја констатирале смртта.