Прегазување со 160 км на час, на пешачки не е несреќа, тоа е убиство – ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО КРИВА ПАЛАНКА


Крива Паланка денес е завиена во црно. Градот тагува по загинатата Ф. Ц (19), која вчера настрада во страшната сообраќајка во Скопје.

Советот на општина Крива Паланка на вонредната седница одржана вчера донесе одлука со која денешниот ден го прогласува за ден на жалост во градот по повод трагичната смрт на нивната сограѓанка Фросина Цековска.

Foto - Faktor.mk

Foto – Faktor.mk

Цековска трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на Партизанска во Скопје пред два дена.

На денот на жалост знамињата во општината ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината за утре се одлагаат. Угостителските објекти кои се на територијата на општина Крива Паланка ќе емитуваат сериозна музика.

На социјалните мрежи жителите на Крива Паланка ја споделуваат тагата со своите пријатели по овој трагичен настан.

Кривопаланчани покажете почит кон прерано загинатата наша сограѓанка и другарка. Исклучете ја музиката по кафиќите, кафеаните, дискотеките…, апелираше денеска Фексбук групата Кривапаланкаинфо.

„Прегазување со 160 километри на час, на пешачки премин не е несреќа, туку убиство. Сочувство до нејзините најблиски“, се вели во апелот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1