Преговорите пропаднаа, Заев продолжува со „бомбите“


Претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека премиерот Никола Груевски го минира договорот од 2 јуни и најави дека ќе продолжи со објавувањето на „бомбите“.

Преговорите се неуспешни, а СДСМ се враќа на проектот Вистината за Македонија во чии рамки досега беа објавувани така наречените бомби, објави лидерот на партијата Зоран Заев.zaev654

Никола Груевски во континуитет го минира договорот постигнат на 2-ри јуни. Во преговорите Никола Груевски одби да прифати споделени гаранции помеѓу власта и опозицијата за враќање на демократските институции, за враќање на корективите во општеството, за нормализација на државата, за обезбедување услови за регуларни, фер и демократски избори.

Ваквата разврска на случувањата поврзани со лидерските средби следува откако опозицијата веќе со денови инсистира да има нов состанок на лидерите на четирите партии, а премиерот истакна дека нема услови за нејзино одржување.

Апсолутно избори во април ниту очекуваме да има ниту се можни без опозицијата да се организираат.

Според Заев, со одолговлекувањето на процесот, Груевски ги уништил сите определби одредени со договорот од 2 јуни со кој се предвидува да има предвремени избори до крајот на април идната година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1