Прекрасно новогодишно утро – Температури до -7, а грее сонце


Времето е сончево, многу студено, суво и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен наместа засилен ветер од северозападен правец.

Ветерот ќе слабее до крајот на денот. Максималната температура денеска во земјава ќе бидат во интервал од -7 до 0 степени.

mk skopje vodno sonce22

Во Скопје студено, но и сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој попладне ќе станува послаб.

Температурата ќе се искачи само до -4 степени.

Во Макеодонија во 7 часот наутро се измерена следните температурата : -5 Гевгелија, -6 Виница, -8 Струмица, -9 Скопје, Д. Капија, Штип, Кр. Паланка, -10 Охрид, Претор, -11 Куманово, Тополчани, -12 Скопје Пет., Пожаране, Крушево, -13 Прилеп, Берово, -14 Ѓуриште, -16 Битола, -17 Тетово, -18 Маврово.

До петок ќе се задржи многу студено време, особено во утринските часови, а ќе има и појава на снежни наноси и голомразица по патиштата. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено на повисоките места.

Од сабота дневните температури насекаде ќе се позитивни и ќе започне да се зголемува облачноста. Преодниот влажен бран ќе започне како дожд особено во северните делови од земјата, но потоа врнежите ќе бидат од снег. Нема да наврнат поголеми количества, а врнежите ќе престанат до вторник.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1