Преносливи болести кои ве чекаат во солариум


Стафилокока, бактерија која може да предизвика инфекција на кожата, фекални бактерии, вирусот херпес и генитални брадавици кои доведуваат до HPV, можат да ја издржат топлината во солариум и да преживеат.

И покрај фактот дека може да предизвика рак на кожата, голем број луѓе и понатаму одат на солариум.

Сепак, ако можноста да добиете рак на кожата не ве одвратила од темнеење под вештачко сонце, можеби ова откритие сепак ќе ве натера да се поздравите со солариумот.solarium

Дерматологот Давн Мари Дејвис од клиниката Мајо, вели дека бактериите и вирусите можат да преживеат во солариум и покрај топлината, пишува Daily Mail.

„Сите на кожата имаме бактерии кои сме ги пренеле и на своите кревети. Иако ги топлиме со своето тело, тоа не е доволно за да ги убиеме, а тие стануваат посилни и поотпорни“, вели Дејвис.

„Ако се потите, тоа само допринесува способностите на бактериите и вирусите да се размножуваат. Ако имате оштетена кожа или гребнатинка, што не е реткост, голема е веројатноста дека ќе добиете инфекција“, вели таа.

Таа вели дека стафилокока, бактерија која може да предизвика инфекција на кожата, фекални бактерии, вирусот херпес и генитални брадавици кои доведуваат до HPV, можат да ја издржат топлината во солариум и да преживеат.

Тие вируси и бактерии потоа се пренесуваат на друга личност која може да има дури толку ситна повреда на кожата, што не е ни свесна за тоа.

„Ултравиолетовото светло теоретски може да ги убие бактериите, но во солариум не е доволно силно за да ги уништи“, предупредува Дејвс.

Затоа, следен пат кога ќе сакате да се сончате во солариум, убаво размислете за можните последици, пред да го направите тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1