ПРЕПОРАКИ: Како да се спречат зарази во поплавените подрачја


По вчерашниот воден пекол кој носеше се пред себе, тетовчани пред нова закана.

Излеаните фекалии и комуналниот отпад по  улиците закана од појава на заразни болести. За да не дојде до ваква катастрофа, владата со мерки за заштита на населението.

Foto - www.Interesno.com.mk

Foto – www.Interesno.com.mk

Регионалните центри за јавно здравје треба секојдневно да ја контролираат исправноста на водата и за тоа по неколку пати во денот да го информираат населението во тетовскиот регион.

Директорите на градинките се задолжени да направат дезинфекција и чистење на санитарните јазли и просториите а работниците кои го расчистуваат теренот задолжително да носат гумени чизми и ракавици. При стомачни тегоби и температура граѓаните веднаш да побараат лекарска помош од матичниот лекар.

По повлекување на водата локалните власти треба секојдневно да ги мијат улиците а Центрите за јавно здравје да направат дезинфекција на подрачјата каде имало излеано канализациона мрежа.

Здравствените работници во Тетово мора да ја следат состојбата со појава на заразни заболувања и навреме да преземат против епидемиски мерки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1