На барање на FBI уапсени тројца косовари


Тројца државјани на Косово се уапсени во Приштина во вторникот, по барање на американската федерална полиција FBI којашто ги сомничи за онлајн кражба на банкарски податоци.FBI

Тројцата осомничени, на возраст меѓу 23 и 26 години, се обвинети за онлајн кражба на лични и банкарски податоци, се наведува во соопштението на косовската полиција. Од таму не изнесуваат податоци за количеството на украдените податоци.

Локалната полиција ги уапсила по информациите добиени во рамките на опeрацијaта во соработка со американското Федерално биро за истраги (FBI). Косовските полицајци извеле и три претреса и заплениле компјутери и друга информатичка опрема.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1