По вчерашниот воден пекол кој носеше се пред себе, тетовчани пред нова закана.
Излеаните фекалии и комуналниот отпад по улиците закана од појава на заразни болести. За да не дојде до ваква катастрофа, владата со мерки за заштита на населението.

Foto – www.Interesno.com.mk
Регионалните центри за јавно здравје треба секојдневно да ја контролираат исправноста на водата и за тоа по неколку пати во денот да го информираат населението во тетовскиот регион.
Директорите на градинките се задолжени да направат дезинфекција и чистење на санитарните јазли и просториите а работниците кои го расчистуваат теренот задолжително да носат гумени чизми и ракавици. При стомачни тегоби и температура граѓаните веднаш да побараат лекарска помош од матичниот лекар.
По повлекување на водата локалните власти треба секојдневно да ги мијат улиците а Центрите за јавно здравје да направат дезинфекција на подрачјата каде имало излеано канализациона мрежа.
Здравствените работници во Тетово мора да ја следат состојбата со појава на заразни заболувања и навреме да преземат против епидемиски мерки.









