Министерството за внатрешни работи за попладнево закажа прес-конференција на која се очекува да соопшти повеќе детали во врска со информациите за инцидент во полициската станица во Гошинце во општина Липково.
Медиумите јавија дека група вооружени лица ја зазеле полициската станица. Според првичните информации тие наводно го земале оружјето, а полицајците ги избркале.