ПРЕСУДА: Заев е виновен – треба да плати 50.000 евра за клевета на Груевски


50.000 евра треба да плати претседателот на СДСМ, Зоран Заев, откако премиерот Никола Груевски го тужеше за клевета и навреда поради тврдења за случајот со продажбата на Македонска банка.

gruevskizaevГраѓанскиот суд го прогласи Заев за виновен затоа што на прес конференции со намера да наштети на честа и угледот изнел невистинити факти. Судот го казни лидерот на опозицијата Зоран Заев, со 50 илјади евра за клевета и навреда, повреда на честа и угледот на премиерот Никола Груевски, за случајот со продажбата на „Македонска банка“.

И покрај инсистирањето, на адвокатот на Заев, да биде сослушан Ден Дончев, за кого тврдеа дека е круцијален доказ во процесот, сепак Судот го одби.

Исказ даде Јовица Стефановиќ – Нини, кој иако беше повикан од страна на тужениот, сведочеше во корист на Груевски. Кажа дека не го познава ниту премиерот, ниту Заев и дека „Македонска Банка“ ја купил на берза преку брокерска куќа без да подмитува.

Одбраната на премиерот го намали оштетното побарување од 500 илјади евра на 50 илјади евра, но потенцираше дека и оваа сума е далеку од штетата која е предизвикана на угледот на Груевски поради изнесените невистини од Заев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1