Пресудата на Шешељ ќе му биде изречена на 31 март


Хашкиот трибунал на 31 март ќе му ја изрече пресудата на лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, соопшти попладнево судот во Хаг.Seselj

Во одлуката, која ја потпиша претседавачот на судот, Жан-Клод Антонети, на властите во Србија им се наложува да ги преземат сите неопходни мерки да го обезбедат присуството на обвинетиот во изрекување на пресудата.

Официјален Белград има рок до 15 март да го извести трибуналот за сите потешкотии кои би можел да ги има во спроведувањето на налогот.

Во врска со објавата на Хашкиот трибунал дека пресудата ќе му ја изрече на 31 март, Шешељ изјави дека тоа не го интересира и дека нема да замине доброволно.

„Не ме интересира, јас Хашкиот суд уверливо го победив. По 12 години затвор буквално ме исфрлија“, рече Шешељ за Танјуг.

Шешељ е обвинет за злосторства врз Хрвати и Муслимани во периодот од 1991-93 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1