Поранешниот министер за земјоделство кој беше уапсен поради малверзации со ѓубриво бил претепан во затворот.
Саша Драгин екс министер во српската влада добил ќотек во притворското одделение. Како што пренесува српски курир него го нападнале останатите затвореници додека шетале во дворот на затворот. Екс министерот имал видливи и тешки повреди, а скршена му била и раката.
Тој е во притвор бидејќи се сомничи дека го оштетил буџетот на Србија за 4,5 милиони долари.