Познатата српска глумица Јелена Жигон вчера во својата куќа во Белград била претепана и ограбена
„Бев сама дома кога човек со капа преку лицето влезе и почна да ме малтретира. Беше многу силен, ме туркаше и тепаше, ме држеше за врат и зборуваше: „Во ред е Јелена, нема да ве убијам“. Веројатно тоа го правеше за да не врескам – изјави глумицата Јелеха Жигон за српски „Блиц“.
Таа додаде дека ограбувачот и го барал сето злато што го има дома.- Но јас злато немам, па тој почна по куќата да пребарува за да најде нешто вредно. Ми го зема пасошот, паричникот и нешто малку пари во него – рекла Жигон по немилиот настан.
Во истата куќа на горниот кат живее нејзината ќерка Ивана, но таа ништо не забележала се додека мајка и не и се јавила. Веднаш била известена полицијата и повикана итна помош.
Јелена Жигон и е позната на публиката по учеството во филсмкиот серијал „Луди години“, каде играше заедно со Драгомир Бојаниќ Гидра, Марко Тодорвиќ и Весна Чипчиќ.