Претепано 23 годишно момче во автобус на ЈСП


23 годишно момче во сабота вечер било крвнички претепано во автобус на ЈСП, соопштија од  Министерството за внатрешни работи.

policija-vo-avtobus500Од силините удари, момчето се онесвестило па со тешки телесни повреди бил пренесен во Градска болница. Инцидентот се случил синоќа во 00.30 часот во автобуст на ЈСП со број 57 на пешачкиот мост на ул.„Цветан Димов”.

А.П. влегол во автобусот на автобуската постројка кај ГТЦ, се упатил кон задниот дел од автобусот и по кратко време забележал поголема група лица кои се групираат и во еден момент осетил силен удар со тврд предмет во пределот на задниот дел од главата, при што истиот паднал во безсознание.

 Потоа непознатите лица продолжиле да го удираат со клоци и тупаници во пределот на главата и телото. На А.П. му била укажана лекарска помош во Градската болница, каде биле констатирани телесни повреди.

Тој е задржан на понатамошно лекување, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1