Во Македонија претпладне ке биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, попладне врнежите ке престанат и постепено разведрување.
Ке дува слаб променлив ветар. Утринските температури од 3°C до 13°C степени, а максималните дневни температури ке се движат од 17°C до 25°C.
Во Скопје ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови ке има можност за слаб локален дожд. Ке дува слаб северозападен ветар. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна температура до 23°C.
Во четврток во Македонија ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Ке дува слаб југоисточен, а во западните предели слаб југозападен ветар. Утринската температура од 2°C до 12°C, а максималните дневни ке се движат од 18°C до 26°C.
Во петок ке биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Во попладневните потполно наоблачување кое во текот на вечерните часови и во текот на ноќта ке донесе поинтензивни врнежи од дожд. Ке дува слаб југоисточен ветар, а во западните предели слаб југозападен. Утринските температури од 3°C, а максималните дневни ке достигнат до 18°C односно до 26°C.
weather4all