Што се лечи лукот


Лукот, всушност, има неколку стотици терапевтски својства, потврдени од страна на научни истражувања.

Лук – со зголемување на преваленцијата на бактерии отпорни на  мулти-лекови и неуспехот на конвенционалните лекови да развијат ефективни решенија против нив природата уште еднаш ја доби својата шанса.

Лукот, всушност, има неколку стотици терапевтски својства, потврдени од страна на научни истражувања, кои можете да ги видите директно на GreenMedInfo.com. Еден пример за моќта на лукот, е што ја убива отпорната на лекови туберкулоза (MDR -ТБ), која мејнстрим медиумите ја нарекува “белата чума”.

Минатата година една статија објавена во рецензирани научно списание покажува дека лукот е способен за инхибиција на широк спектар на повеќе видови туберкулоза, отпорни на лекови. Авторите заклучиле “Употребата на лук против MDR-ТБ може да биде од голема важност во  јавното здравство. Неговите својства не завршуваат со MDR-ТБ, како што е докажано лукот ги инхибира и следниве патогени:

  • Amoeba Entamoeba histolytica (parasite)
  • Cholera
  • Clostridium
  • Cytomegalovirus
  • Dermatophytoses (a type of topical fungal infection)
  • Haemophilus Influenzae
  • Helicobacter Pylori
  • Herpes Simplex Virus Type 1
  • Herpes Simplex Virus Type 2
  • Klebsiella
  • Methicillin-resistant Staphylococcus A. (MRSA)
  • Parainfluenza Virus
  • Peridontal Infection
  • Pneumococcal Infections
  • Pseudomonas aeruginosa
  • Streptococcus Mutans
  • Streptococcus Infections: Group A
  • Streptococcus Infections: Group B
  • Streptococcus pyrogenes
  • Thrush (oral fungal infection)

Научниците открија зошто јадењето лук го одржува здравјето на срцето. Клучот е алицин, супстанца одговорна за неславниот мирис на лукот, вели една студија направена од страна на тим од Универзитетот во Алабама. Алицинот се распаѓа на мали компоненти кои реагираат со црвените крвни зрнца и производуваат соединение кое ги релаксира крвните садови и овозможува добар проток на крв. Покрај тоа, таа го намалува притисокот и и овозможува на крвта да пренесува повеќе кислород во телото, а со тоа ја олеснува работата на срцето. Но бидете внимателни доколку купувате концентрати да не се предозирате. Најдобро е да се користи природен, а старите велат – што повеќе мириса, толку е поздрав. Науката вели тоа е точно, бидејќи значи дека има поголема концентрација на алцин.

За што се користи лук?

Научни истражувањеа велат дека лукот е ефикасен против бактерии, габи, паразити, ја намалува количината на маснотии, спречување стегање на крвните садови (атеросклероза), намалување на крвниот притисок.

Употребата на лукот ги намалува кардиоваскуларните болести со намалување на високиот холестерол, го намалува ЛДЛ, лошиот холестерол, го намалува слепувањето на крвните садови и спречува згрутчување на крвта (појава на тромб), го намалува високиот крвен притисок. Влијае и на намалувањето на два други маркери на кардиоваскуларни болести, хомоцистеин и C-реактивен протеин. Лукот спречува настинки.

Во кои случаи не можe да се користи лук?

Луѓето кои имаат зголемен тенденција да крварат, не треба да внесуваат големи количини на лук. Сепак во случај на хируршка интервенција, не консумирајте лук неколку дена пред операцијата.

Кои  несакани ефекти може да се појават при примената на лук?

Литературата опишува случаи на алергија на лук, стомачна иритација, мачнина… Мирисот што го карактеризира лукот се задржува долго после јадење и преку здив и преку кожата.

Кои лекови не треба да се користат истовремено со лук?

Истовремената употреба на лук со изонијазид, некои антивирусни, орални контрацептиви може да ја намали концентрацијата на овие лекови во плазмата. Лукот делува како антикоагуланс, и истовремена употреба на антикоагуланси со големи дози лук може да доведе до крварење.

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1