Сега кога изборите за американски претседател завршија, време е без никаков страв да ви ги прикажеме вистинсктие кандидати кои заслужуваат да влезат во Белата Куќа.
James Marshall „Get of my plane!“
Во филмот „Air Force One, добро познатиот Харисон Форд го глуми претседателот Џејмс Маршал. Маршал се враќа од Москва со своето семејство и се наоѓа во ситуација, во која неговиот авион е киднапиран од страна на Руси кои бараат ослободување на нивните сограѓани терористи од затвор, кои биле фатени како си „играат“ со нуклеарно оружје.
Кога претседателот Маршал на почетокот од филмот изјавува дека нема да преговара со терористи, тоа навистина и го мисли. Потпомогнат од војничкото искуство, сам тргнува во крвав поход, елеминирајќи ги еден по еден терористите со помош на оружје, сопствените раце и падобран. Ако сметате дека претседателот во себе треба да биде војник, Индијана Џонс, и Хан Соло во едно и притоа да не се грижи за внатрешната политика, тогаш Џејмс Маршал е вистинскиот избор.
James Dale „Can’t we all just get along?”
Наш следен кандидат има целосно различно мислење во врска со терористичката закана. Добро во овој случај се работи за вонземјанска инвазија од страна на мали зелени Марсовци, кои имаат перцепција да прават експерименти од типот да и ја стават главата на Сара Џесика Паркер на телото на нејзиното домашно милениче, кучето и обратно.
Филмот „Марс напаѓа“ во чија главна улога ја игра Џек Николсон, кој инвазијата не ја спречува со помош на куршуми или нуклеарни бомби или тим на суперхерои, туку со зборови за мир и говор кој дури и на самото немилосрдно зелено суштество му потекуваат солзи. Миротворец, говорник, оптимист. Што повеќе треба?
Tom Beck „Life will go on, we will prevail.“
На овој претседател не му се закануваат ниту терористи, ниту мали зелени суштества, туку огрмно тело од лед и камен кое незапирливо се движи кон Земјата. Во филмот „Deep Impact“, во соработка со Русите (а со кои други, ако не со нив?) се гради супертајно летало, чија цел е во астероидот да уфрли неколку нуклеарки и да го разнесе и на тој начин да го спаси светот на сосема оригинален начин.
Планот пропаѓа, а во тој момент настапува претседателот, кој го глуми Морган Фриман, кој со неговиот пријатен баритон глас ги смирува луѓето и им дава надеж за обнова на земјата од страна на научници, уметници и други важни луѓе, кои треба да бидат безбедни во солидно засолниште. Кои не би сакал претседател кој може да ги натера луѓето да се смешкаат и да ја прифатат информацијата дека наскоро ќе умрат, во корист на неколку генијалци и политичари на кои ќе им остане задача да го населат повторно светот?
Merkin Muffley „Gentlemen you can’t fight in here, this is the war room.“
Кандидатот со најсмешно име кое во слободен превод значи перика за женските интимни делови е еден од трите ликови кои го глими Питер Селерс во незаборавната класика Dr. Strangelove, или „How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb“. Претседателот Muddley во воената соба неуспешно се обидува да го запре случајно започнатиот нуклеарен напад на САД над СССР и да избегне да стане најголемиот масовен убиец после Хитлер.
Притoа се обидува да го добие бројот на Националниот центар за воздушна одбрана во Омск, од советскиот премиер и да ја спречи борбата на неговите генерали со рускиот амбасадор во воената соба. Muddley можеби нема многу квалитети и е практично неспособен, но сигурно би било забавно да се гледа како ја води државата.
Dwayne Elizondo Mountain Dew Herbert Camacho „Shit!“
Во светот во кој највисокиот коефициент на интелегенција е со IQ30, на претседателското место се наоѓа Dwayne Camacho кој го глуми најголемиот фраер на светот Terry Crews. Филмот се вика Idiocracy. Претседателот Камачо мора да ги реши акумулираните економски и земјоделски проблеми предизвикани од енергетските пијалоци, и за да ги смири пратениците во Сенатот одржува еден од нејелоквентните говори некогаш одржани во таа зграда. “Shit. I know shit’s bad right now, with all that starving bullshit, and the dust storms, and we are running out of french fries and burrito coverings. But I got a solution…” Поранешна порно ѕвезда и петкратен шампион во професионално борење. Доволно кажано.