Цивилизацијата на Маите исчезнала поради суша, глад и војни – нешто што и се предвидува и на Европа!!!


 

Тим од експерти направиле детална климатска карта во период од 2000 години, на кои што е етикетирана сушата и врнежливите периоди во пределот на Белизе каде што во периодот од 300 и 1000 година, се развивале градовите на Маите.


Анализирајќи ги сталгматите и богатите археолошки наоди од страна на Маите, научниците своите студии ги објавиле во списанието „Science“.
За разлика од сегашниот тренд на глобалното затоплување, климатските промени во Централна Америка, за време на колапсот на Маите, бил предизвикан од страна на големи циклочни природни временски промени.
Благодарение на екстремните влаги, Маите брзо напредувале, но исто толку брзо биле уништувани поради екстремните сушни периоди.
Голем број на кралеви кога ќе настапел дождливиот период, си го припишувале како своја заслуга, притоа приредувајќи жртви на семоќниот, како би настанало поволното време.


Во периодот околу 660 година, за кога се претпоставува дека настапиле значајни суши, голем број на кралеви се менувале, по што настанувале и поголеми војни за природните извори.
Политичкиот крај на Маите се случил околу 900 година кога настапил сушниот период, по што била целосно нарушена моќта на кралевите. Сепак населението се одржало повеќе од 100 години, се до екстремните суши од 1000 до 1100 година, која ги приморала Маите да ги напуштат центрите на својата цивилизација.
Доколку климатските промени во некои области, уништи голем број на земјоделски површини и системи во Европа, тоа би можело да предизвика голем глад, социјална нестабилност и повлекување на населението, како што се случило со Маите.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1