Претседателот на Боливија дека има дете со малолетничка – го обвини опозицијата


Еден од лидерите на боливиската опозиција,  Самуел Дури Медина го обвини претседателот Ево Моралес дека има дете со малолетната ќерка на министерката за рурален развој.

Обвинението беше остро отфрлено од Алваро Гарсија, потпретседател на Боливија.

Пред два дена, Дури Медина на  “Твитер” напиша: „Тоа што Моралес е татко, само по себе не е вест, но дека мајката е малолетничка, е тоа носи  компликации. Прашајте ја мајката на малолетничката, министерката за рурален развој, Немесија Ачеколо.“

Самуел Дури Медина, кој беше кандидат за претседател  и лидер на централно -десничарската опозициска партија “Национално единство“ потоа продолжи да ги изјавува обвиненијата и во телевизиска емисија со голема гледаност.

„Се’ што тврди тој е смешно и фрустрирачки, тоа е лага, срам и клевета”, реагираше веднаш потпретседателот Гарсија.

Според него, Дури Медина треба да даде докази за тоа што го тврди или да се извини. Лидерот на “Национално единство“ пак на ова одговори дека ќе остави правниот сиситем да го реши овој проблем.

Ево Моралес има 52 години и е првиот претседател од индијанско потекло на Боливија.

Тој беше избран во 2006 и реизбран во 2010 година. Тој не е оженет, но има две ќерки кои живеат со мајките.

Share Button

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1