Кинескиот sид паѓа!? Се урна дел од ѕидот


Обилните врнежи се една од главните причини за уривање на 30 метарскиот блок од кинескиот sид.

Исто така дел од вината е фрлена и врз инвеститорот на трговскиот центар кој што се гради во непосредна близина на најголемото светско здание.

– Истрагата е во тек, допрва ќе се утврдува причината за падот на огромниот блок. Може да се повеќе причини вклучувајќи ги и градежно техничките зафати, велат градските власти.

Оттаму додаваат, не губат ниту минута, конзервацијата и обновувањето на sидот е веќе почната.

Според најновите истражувања објавени во јуни, кинескиот sид официјално е прогласен за подолг од она што до сега се мислеше. Во 2009 тата година се претпоставуваше дека sидот е долг 8.850 километри. Според најновите податоци градбата е поголема за 21 километар.

Станува збор за најголемата градба на светот што човечка рака ја создала, sидот е изграден поради заштита на кинеската северна граница.

На листата на светското наследство се наоѓа од 1987 та година. Ова е исклучутелно важен сегмент од кинеската култура, особено значаен и во светски рамки, со оглед на многуте тврдења дека е единствената градба што без телескоп може да се види дури и од месечината.

Share Button

Tags: , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1