Нема „Facebook“ најверојатно е убиец!


Кој нема „Facebook“, нека прави под итно!!! Според угледниот германски магазин „Der Taggspiegel“и порталот „forbes.com“, ако не сте на „face“ голема е веројатноста да сте психопат.

Во студијата која и не е толку „луда“ германскиот магазин укажува на фактот дека двајцата најомразени светски злосторници во последнава година, Брејвик и Холмс, немале „facebook“.

Првиот во јули минатата година усмрти 77 лица во два напади во Осло и на островот Утоја, додека пак вториот соживуваќи се со улогата на „Џокер“ од филмот „Бетмен“ минатиот месец токму на премиерата на овој филм уби 12 лица и повреди околу 60. Додуша Брејвик користел „MySpace“ а Холмс интернетот го користел за да „брка“ девојки. Користењето социјални мрежи во денешно време се повеќе станува особина на здрава личност.

Доколку се однесувате спротивно на ваквите трендови, тоа може да биде знак дека не сте „со сите“ , тогаш најверојатно влегувате во категоријата дисфункционални па дури и опасни личности, тврди психологот Кристофер Милер. Како и поголемиот број сериски убици, и Холмс не можел да се пофали со голем број пријатели во реалниот живот.

Порталот „forbes.com“ пак, предупредува дека се поголем број компании се загрижени и вклучуваат црвено светло доколку некој од кандидатите за работа не е корисник на „Face“. Од одделот за човечки ресурски во ваквите случаи сметаат дека поради некоја причина  кандидатот е „избркан“ од „ Facebook“ семејството. Се разбира ваквите правила не важат доколку станува збор за повозрасни личности на кои времето за социјални мрежи одамна им поминало.

Share Button

Tags: ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1