Скандал поради водич за секс – каде смеете со малолетни, каде не смеете воопшто


,,има многу држави на оваа планета каде што можете слободно да имате секс со девојчиња од 12 или 13 години зошто се сметаат за возрасни,, пишува во водичот за секс.

Со електронското издание на „Age of Consent“, (сексуален туристички водич), Питер Ф. Фридман предизвикал згрозување на јавноста, така што американската онлајн продавница Амазон морала да ја повлече од продажба оваа книга.

Во рекламата за книгата пишувало: Во некои земји е нелегално да се има вонбрачен секс, затоа што ќе имате сериозни последици по вашето здравје ако ве фатат. Или следниот совет – има многу држави на оваа планета каде што можете слободно да имате секс со девојчиња од 12 или 13 години зошто се сметаат за возрасни.

Книгата била во пуштена во продажба од октомври 2011 година чинела 3.49 долари.
„Протестиравме и претходно кај Амазон“, изјавил Џо Колс, еден од официјалните претставници на групата Љубов 146, која се бори против злоставувањето на децата.
„Тогаш го тргнаа од продажба Педофилски водич за љубов и задоволство“, додаде Џо.
Питер Ф. Фридман засега никој не успеал да го пронајде за коментар. Тој инаку беше автор и на три електорнски книги за секс „Секс туризам во Банконг“, “Секс туризам во Патаји“, и „Бесплатен секс преку веб камера“.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1