Процентот на смртност од дијабетес, понизок кај подебелите луѓе


Смртноста на дијабетичари од тип 2 со нормална тежина е повисока во споредба со смртноста кај подебелите, открива истражувањето објавено во Journal of the American Medical Association (JAMA).

Според овој труд, кај дијабетичарите со нормална тежина, генерално, е забележан повисок процент на  смртност од подебелите, пренесува Франс Прес.

Возрасните со нормална тежина кои боледуваат од дијабетес тип 2, беа слабо истражени од медицината, бидејќи оваа болест влијае главно на подебелите луѓе.

Вишокот на килограми е важен фактор на ризик за развој на болеста, но семејните преносливи фактори и возраста, исто така, може да играат улога, истакнуваат авторите на студијата.

Share Button

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1